Skip to main content

Сум бил свиња и ќе ме колел на плоштад: Мицкоски кажа какви закани добил на социјалните мрежи

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека знае за заканите упатени кон него и неговото семејство преку социјалните мрежи. Тој очекува случајот да биде процесуиран од надлежните институции.

Дознав во текот на вчерашниот ден за тие закани коишто се напишани на социјалните медиуми од ова лице, дека сум бил свиња и дека ќе ме колел на плоштад и упати пцовки кон мене и моето семејство. Јас сум сепак институција и претпоставувам дека институциите си ги преземале своите надлежности. Преку МВР лицето е обезбедено и се надевам понатаму тоа ќе го спроведе и правосудниот систем – рече Мицкоски.

Поврзани вести