
Вчера во 18:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода П.Ѓ. (19) од Велес.
Претходно, на крстосница од улиците „Костурска“ и „Љубљанска“ во Велес, тој управувајќи мопед со велешки регистарски ознаки, кога ги забележал полициските службеници се обидел да побегне, при што удрил во патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(31) од Велес и патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки управувано од Љ.М.(45) од Велес, соопшти МВР.
Во несреќата повредени нема, а причинета била материјална штета.
По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека П.Ѓ. го управувал мопедот без да поседува возачка дозвола. По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, мопедот бил одземен и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави, додаваат од полицијата.

Македонски

