Skip to main content

И тешка повреда и кривична за малолетник на мопед, вториот возач избегал

архива

Малолетник е тешко повреден во сообраќајка во која другиот возач побегнал од местото на несреќата.

Како што соопшти СВР Тетово, вчера во ОВР Гостивар било пријавено дека во 18:30 часот на ул.„Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило, кое го напуштило местото и мопед со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 17-годишен малолетник од Гостивар.

Во незгодата со повреди се здобил малолетникот, констатирани во Ургентен центар во Гостивар.

По извршените проверки било констатирано дека малолетникот го управувал мопедот без возачка дозвола. По насоки на јавен обвинител од ОЈО Гостивар, против малолетникот е поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти СВР Тетово.

Поврзани вести