Skip to main content

Нападната келнерка во Гостивар

архива

Вчера во 19:10 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Д.Г.(52) од Гостивар, постапувајќи по
претходна пријава од З.И.(24) од Гостивар дека околу 18:50 часот на нејзиното работно место во угостителски објект, агресивно се однесувал и физички ја нападнал.

При извршеното алкотестирање кај него е утврдено присуство на алкохол во крвта од 0,98 промили, по што е задржан во полициска станица. По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, соопшти СВР Тетово.

Поврзани вести