Skip to main content

Украина бара од ОН да забрани руските сателити да летаат над Украина

Bureau 1440

Шефот на украинското Министерство за надворешни работи, Андриј Сибига, апелираше до Меѓународната телекомуникациска унија со барање да се исклучи територијата на Украина од зоната на покриеност на рускиот нискоорбитен сателитски систем „Расвет“.

Официјален Киев, исто така, ги повика „сите партнери“ да ја поддржат оваа иницијатива и да го блокираат работењето на системот не само над Украина, туку и над „суверените територии на други земји“.

Официјално апелиравме до Меѓународната телекомуникациска унија со барање да се исклучи територијата на Украина од декларираните зони на покриеност на сите зраци на сателитските мрежи „Расвет“ во сите фреквенциски опсези“, изјави Сибига.

Сепак, во своето барање, Сибига не прецизираше како Меѓународната телекомуникациска унија би можела физички да забрани сателити да летаат над територијата на Украина.

Сателитскиот систем „Расвет“, развиен од компанијата „Биро 1440“, е руски аналог на американскиот „Старлинк“. Претходно, советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Сергеј „Флеш“ Бескрестнов, се пожали дека „Расвет“ ќе го подобри квалитетот на комуникациите за руските вооружени сили и ќе стане сериозен проблем за украинската војска.

Команијата „Биро 1440“ успешно ги лансираше првите 16 сателити „Расвет“ во орбитата уште во март, а на 20 јули изврши второ групно лансирање. Системот работи на 5Г НТН архитектура, опремен е со меѓусателитна ласерска врска и плазма мотори.

Поврзани вести