
Неколку дена по спектакуларна детонација во селото Мила, што се наоѓа помеѓу Киев и Житомир, украинските воени извори објавија дека е уништено големо складиште за оружје и муниција.
Судејќи според пронајдените остатоци расфрлани во широка околина на експлодираниот објект, станува збор за складиште во кое се наоѓале беспилотни летала со долг дострел ФП-1 и ФП-2 од компанијата „ФајрПоинт“. Бројни детонации и расфрлани фрагменти го потврдуваат тоа.

Во медиумските извештаи, овој магацин се наведува како сопственост на фабриката.
Овој руски напад е сериозен удар за украинските сили, со оглед а тоа што токму овие дронови се едно од главните борбени средства кои со стотици извршуваат напади врз позадински области во Русија.

Македонски



