Skip to main content

Исчезнале 70 милиони евра наменети за муниција за Украина, естонскиот министер за одбрана поднесе оставка

Facebook / Kaitseminister Hanno Pevkur #pevkur

Mинистерот за одбрана на Естонија, Хано Певкур, ја објави својата оставка поради почнувањето кривична истрага за набавка на муниција за Украина.

Како што утврдиле ревизорите, министерството исплатило околу 70 милиони евра однапред на италијанската компанија „Datasel S.R.L“., која никогаш не предала ниту еден куршум. Парите исчезнале.

Facebook / Kaitseminister Hanno Pevkur #pevkur

Во испитувањето се покажало дека италијанската компанија всушност била посредник, зад кој стоеле претставници на индиско бизнис семејство. На крајот, украинската војска не ја добила муницијата, а каде завршиле парите е непознато.

Во образложението на својата оставка, министерот за одбрана навел дека презема политичка одговорност за ситуацијата.

Поврзани вести