Skip to main content

Гужви на Богородица за продолжениот викенд: За влез во Грција се чека околу 40 минути

Продолжениот викенд повторно ги насочи македонските граѓани кон Грција, поради што утрово е зголемен сообраќајот на граничниот премин Богородица. Возачите се соочуваат со задржувања од околу 40 минути за преминување на границата.

Според информациите од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), на Богородица е забележана зголемена фреквенција на возила, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги чекања при влез и излез од државата

Се очекува фреквенцијата на сообраќајот да зависи од бројот на патници што ќе се упатат кон соседна Грција во текот на продолжениот викенд. На возачите им се препорачува да планираат дополнително време за патување и да ги следат информациите за состојбата на граничните премини.

Поврзани вести