
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, истакнувајќи дека овој датум претставува потсетник на идејата за слободна Македонија, на храброста на оние што се бореа за неа и на одговорноста што ја носиме денес кон идните генерации.
-Идеалите на македонските револуционери се трајна обврска да ја чуваме слободата, да го градиме единството и да создаваме општество во кое правдата, достоинството и еднаквите можности се темел на заедничката иднина – наведува Минчев во честитката.
Нека нивната борба биде поттик да продолжиме со верба, одлучност и посветеност кон силна, просперитетна и демократска држава, во која секој граѓанин ќе може да ја препознае својата иднина.
На крајот од честитката, Минчев на сите граѓани им го честита 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Македонски

