Skip to main content

Ѝ се јавил Роналдо и ѝ побарал 100 евра

скриншот од Инстаграм видео со ВИ Роналдо

 Со помош на вештачка интелигенција, измамник во Грција лажно ѝ се претставил како Кристијано Роналдо на жена од градот Патра, а за да ја убеди, дури ѝ се јавил и преку видеоповик и ѝ побарал 100 евра за потоа финансиски да ѝ помогне, јави дописничката на МИА од Атина.

Измамената за весникот „Гноми“ од Патра раскажала дека „Роналдо“ успеал да ја убеди да му ги испрати парите, по што исчезнал.

Ми рече дека може да ми помогне, самиот Кристијано Роналдо, но за да се легитимизира оваа негова постапка, ќе треба да уплатам пари, двапати по 50 евра. Дури, за да ме убеди дека не е измамник, ми се јави преку видеоповик и го видов. Тоа беше Роналдо, во бел луксузен автомобил и ми велеше дека им помага на оние кои имаат потреба во целиот свет. Ме убеди, ги уплатив парите, но на крајот се покажа дека сум била жртва на измама, раскажа измамената за весникот.

Во видеото што го добила жената од лажниот Роналдо, направено со вештачка интелигенција, според весникот, португалскиот фудбалер ѝ се обратил на грчки јазик со зборовите „Погледнете го внимателно моето лице. Немојте да се однесувате кон мене како кон крадец“. 

Поврзани вести