Skip to main content

Ковачевски: Македонија досега нема добиено подобар предлог од францускиот

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски тврди дека Францускиот предлог, бил најдобриот предлог за Македонија и до денеска не дошол подобар предлог. Тој потсетува дека тогашната опозиција, а денешна власт, го побара мандатот од граѓаните за да преговара нова рамка и да обезбеди гаранции и да обезбеди други услови за македонското малцинство во Бугарија.

-Времето поминува, тие велат дека разговараат, ќе видиме што ќе излезе на крајот. Сепак, сметам дека за Ммакедонија крајна цел треба да биде членство во ЕУ и тоа се потврдува, според растот на стандардот на земјите кои што влегуваат во ЕУ и според тоа што нашите граѓаните одат во тие земји да работат. Гледајте што се случува со бројките на деца во училиштата. Ние денес имаме помалку ученици во основните училишта во прво одделение отколку што имаме родени деца пред шест години во голем дел од градовите, рече Ковачевски во вестите на ТВ Сител.

Поврзани вести