Skip to main content

Федерер стана бесмртен

Facebook / Novak Djokovic

 Швајцарецот Роџер Федерер е примен во Куќата на славните на тенисот. Свечената церемонија по повод приемот се одржа ноќеска во Њупорт, Њујорк.

Четириесет 45-годишниот Федерер е 20-кратен шампион на Гренд слем турнирите и шесткратен шампион на Завршниот АТП турнир.

– Ми требаат марамчиња и очила за сонце, сè што може да ме заштити сега. Многу ми е мило што стигнав до тука. Неверојатно е да се видам себеси на такво место. Влегувањето во историјата на овој спорт ми значи многу. Сè уште го пишувам моето љубовно писмо до тенисот. Ова не е збогум, изјави Федерер.

Тој беше примен во Куќата на славните заедно со Мери Кариљо, коментаторка и поранешна тенисерка.

Швајцарецот е победник на Дејвис купот (2014) со швајцарската репрезентација, олимписки шампион (2008) во машка двојка и сребрен медал (2012) во поединечна конкуренција. Вкупно, тој има освоено 111 АТП турнири (103 од нив во сингл).

Поврзани вести