Skip to main content

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека попладнево е пронајдена  37-годишната бугарска државјанка која синоќа била пријавена за исчезната на Шар Планина и оти е во добра здравствена состојба. 

Таа била дел од група од четири странски државјани упатени кон Титов Врв. Трите лица од групата се вратиле во вечерните часови, при што констатирале дека жената не се вратила со нив и дека немаат информации за нејзината локација. По пријавувањето, веднаш била започната потрага.

– Во потрагата беа ангажирани припадници на специјалните единици од Скопје, ПС Попова Шапка, ЈУНП „Шар Планина“ и ДЗС – ПО Тетово. Беа употребени и два дрона со термални камери, а во потрагата се вклучија и полициски хеликоптер „Бел 212“ и спасувачки тим од САЕ „Тигар“. Денеска во 14:50 часот, исчезнатата жена е пронајдена во село Горна Лешница, во добра здравствена состојба – соопшти ЦУК

Поврзани вести