Skip to main content

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена поради екстремна заматеност од невремето

 Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски. 

-Причина за екстромно големата матност за водата за пиење е синоќешното невреме што го зафати пробиштипскиот регион, а хидро-системот Злетовица има потешкотии во работењето и снабдувањето со сирова вода на сите општини што ја користат – посочи Арсовски.

Филтер станицата во Штип во овој момент ја прекина преработката на водата која ја прима од ХС Злетовица поради екстремо големата матност.

-Ние сме во можност да преработуваме матна вода со параметри од околу 50 NTU а во моментов примаме матна вода со над 400 NTU. Екипите на Злетовциа и на ЈП Исар координарно работат за надминување на овој проблем со водоснабдувањето, а од вас граѓаните бараме разбирање и трпение се до надминување на овој проблем настанат како резултат на елементарна непогода, изјави Арсовски.

Прашан кога ќе се нормализира водоснабдувањето на градот Штип, тој одговори оти е неблагодарно да се каже кога филтер станицата ќе почне повторно да ја преработува сировата вода.

Поврзани вести