Skip to main content

ДИК го усвои барањето за акредитација за набљудувачи на изборите во Брвеница

Државната изборна комисија (ДИК) на 25. седница го усвои барањето од Здружението за развој на општествено-социјални иновации „Вејкап“ (Wake Up) – Скопје за добивање акредитација за набљудувачи на вториот круг од изборите в недела за градоначаланик на општина Брвеница.

Ова беше единствена точка на дневниот ред на седницата, на која претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ,  рече дека барањето стигнало во меѓувреме, по завршувањето на вчерашната седница на Комисијата.

В недела, 1 ноември 2026, во Општина Брвеница ќе се одржи вториот круг од предвремените избори за градоначалник, на кои во трка ќе бидат Стојанчо Радичевски од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција. 

Поврзани вести