Skip to main content

Скопјанец со џип прегазил 62-годишен велосипедист во Центар

На 19.08.2026 околу 20:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ со бул.„Киро Глигоров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „џип“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(38) од Скопје и велосипед управуван од Н.Ј.(62) од Скопје.

 Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Поврзани вести