
Вчера околу 19:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Инџиково, скопско, патничко возило удрило во велосипед управуван од Е.С.(25) од с.Морани, скопско и го напуштил местото на настанот, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје.
Од полицијата велат дкеа извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на возилото.

Македонски


