
Министерот за здравство, Сашо Клековски, одржал протоколарна средба со амбасадорот на Република Словенија во земјава, Грегор Прескер.

Како што соопштија од Министерството за здравство, на средбата била потврдена заедничката определба за интензивирање на соработката за унапредување на здравствениот систем, со посебен фокус на дигитализацијата во здравството, реформската агенда и успешна реализација на заедничкиот проект за реформи на системот за образование на медицинските сестри.

Министерот упатил благодарност до амбасадорот Прескер за континуираната поддршка и одличната соработка.

Македонски


