Skip to main content

Мицкоски со честитка по повод Денот на Армијата: Армијата е многу повеќе од униформа

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 18 Август – Денот на Армијата, при што им оддаде признание на сите активни припадници, старешини, војници и ветерани кои, како што наведува, со одговорност и достоинство ја извршуваат својата мисија.

„Со чест и благодарност им оддаваме признание на сите наши војници, старешини и припадници кои со одговорност и достоинство ја извршуваат својата мисија, во служба на државата, нејзините граѓани и мирот“, напиша Мицкоски.

Во честитката премиерот нагласува дека Армијата е многу повеќе од униформа и ја опишува како симбол на чест, одговорност, дисциплина и посветеност.

„Таа е силата што стои зад сигурноста на државата и луѓето кои живеат во неа“, наведува Мицкоски.

Тој упати благодарност и до ветераните и до сите кои низ годините дале придонес во градењето на, како што наведува, силна и професионална Армија.

„Честит 18 Август, Денот на АРМ!“, порача премиерот.

Поврзани вести