
Кристина Јаневска е пронајдена од единиците на Министерството за внатрешни работи и е вратена кај своето семејство.
Упатуваме искрена благодарност до МВР и сите полициски службеници вклучени во потрагата, како и до сите граѓани, медиуми, организации, компании и поединци кои ја споделија информацијата и помогнаа таа да стигне до што поголем број луѓе.
Посебна благодарност до ХОТАМ – Хотелската асоцијација на Македонија, која веднаш се вклучи во Amber Alert системот и ја сподели информацијата со своите членки, покажувајќи колку е важна брзата реакција и солидарноста во вакви ситуации.
Благодарност и до такси-превозниците, Комерцијална банка и сите други кои без двоумење се приклучија кон повикот за помош.
Денешниот исход уште еднаш покажува дека кога институциите, медиумите, бизнис-секторот и граѓаните дејствуваат заедно, информацијата може да стигне таму каде што е најпотребна.
Од тимот на NAJDIME.ORG.MK и Новинари за човекови права – JHR, ви благодариме на сите што бевте дел од потрагата.

Македонски


