Skip to main content

Пронајдено телото на рибарот кој скокна во вода по веслата кај Сливница

МИА архива

Специјализирана нуркачка екипа од САЕ Тигар вчера во 13:15 часот од Преспанското Езеро, кај туристичката населба Претор, го извлекла телото на 71-годишниот М.М. од Скопје, откако тој три дена претходно исчезнал во водите.

МВР денеска соопшти дека на 8 август околу 12:20 часот во СВР Битола било пријавено  дека М.М., кај ресенското село Сливница, скокнал од чамец во езерото по веслата кои му паднале. 

Увид извршила екипа на СВР Битола – ОВР Ресен, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Клиничка болница Битола за обдукција. 

Поврзани вести