
Фудбалскиот натпревар помеѓу Боливар и Сао Паоло падна во втор план поради неверојатниот скандал што ја потресе експедицијата на бразилскиот гигант!
Боливиската полиција заплени дури 86,5 килограми марихуана во автобусот што требаше да ги превезува фудбалерите на Сао Паоло, а тројца возачи беа уапсени поради целиот случај.
Инцидентот се случил во близина на Кочабамба, каде што припадници на боливиската полициска единица УМОПАР го запреа возилото за време на контрола. Во автобусот беа пронајдени четири вреќи полни со дрога, по што следеше голема полициска операција.
Возилото било изнајмено за потребите на експедицијата на бразилскиот клуб, но беше конфискувано пред да може да ги подигне играчите. Сао Паоло потврди за UOL дека транспортот го организирала боливиската компанија „Бусес Космос“, која обезбедила втор автобус по полициската акција.

Македонски


