
Познати се сите парови за последната рунда од плејофот за пласман во главната фаза на фудбалската Лига на шампиони.
По синоќешните реванши од третото квалификациско коло, двојките за баражот се:
Фенербахче (Турција) – Лион (Франција)
НЕЦ Нијмеген (Холандија) – Бодо-Глимт (Норвешка)
Хапоел Бер Шева, Израел – Сабах (Азербејџан)
Слован (Словачка) – Целје (Словенија)
Селтик (Шкотска) – ЛАСК (Австрија)
Динамо Загреб, Хрватска – Викинг (Норвешка)
Левски Софија (Бугарија) – АЕК Атина (Грција).
Првите натпревари ќе се играат на 18 август, а реванш натпреварите на 25-ти. Победниците од овие натпревари ќе се пласираат во главната фаза на Лигата на шампионите, додека поразените ќе се пласираат во главната фаза на Лигата на Европа

Македонски


