Skip to main content

Момче на мотор загина во стравична сообраќајка во Радишани, се судрил со италијанска „алфа-ромео“

Момче го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што околу пладне се случи на улицата „Радишанска“ во скопската општина Бутел.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата била пријавена во 12:12 часот.

Денеска во 12:12 часот е пријавено дека на улицата „Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46), и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Н.М. (19) од Скопско. Возачот на мотоциклот починал на местото на несреќата“, соопштија од МВР.

Поврзани вести