
Кошаркарите на Филаделфија остварија победа на еден од осумте натпревари одиграни ноќеска во НБА лигата. Тие како гости го совладаа Бруклин со 135:123, а најефикасен беше Џоел Ембид со 37 поени. Притоа победничката екипа во вториот период постигна 45 поени.
По поразот 105:115 на домашен терен од Орландо, екипата на Бостон ја загуби водечката позиција на Исток.
На другите дуели беа постигнати следниве резултати: Кливленд – Чикаго 126:115, Вашингтон – Мемфис 120:136, Мајами – Хјустон 128:110, Минесота – Портланд 106:98, Њу Орлеанс – Голден Стејт 115:94 и Денвер – Феникс 105:117.

Македонски



