
Благица Владимировска стана третата Македонка која искачила врв повисок од 7.000 метри, достигнувајќи го Химлунг на Хималаите, во екстремни услови, на температура од минус 35 степени, со силни ветрови и повеќе од 20 часа борба со снегот, мразот и исцрпеноста.
Ова е приказна за храброста, истрајноста, правилните одлуки кога животот зависи од нив и за една Македонка која со години самостојно ги финансира своите експедиции.
Нејзината следна цел е Манаслу (8.163 метри), осмиот највисок врв во светот, за чија реализација овојпат ќе ѝ биде потребна и финансиска поддршка.
Во прилог ви го испраќаме соопштението за нејзиниот подвиг, подготовките за следната експедиција и повикот до компаниите и институциите да станат дел од оваа исклучителна македонска високогорска приказна.
Ви благодариме за просторот и поддршката во промовирањето на македонските спортски достигнувања.

Македонски



