Skip to main content
Заинтересираните инвеститори треба најдоцна до 19 ноември 2026 година да достават барање до Народната банка

Koj ќе понуди најголема цена за акциите на АЛТА банка?

Заинтересираните инвеститори треба најдоцна до 19 ноември 2026 година да достават барање до Народната банка во насока на изнаоѓање нов сопственик и создавање услови за натамошно стабилно работење на банката. Станува збор за 372.742 обични акции, односно 95,336% од вкупниот број акции, во сопственост на „Алта банка“ АД Белград – во стечај.

Продажбата ќе се спроведе преку Македонската берза на хартии од вредност, по моделот „сè или ништо“, што значи дека се продава целиот понуден акционерски пакет, без можност за купување само на дел од акциите. Првата јавна берзанска аукција е закажана за 30 ноември 2026 година. Почетната цена е утврдена врз основа на тековната берзанска цена и изнесува 3.777 денари по акција.

Доколку акциите не бидат продадени на првата аукција, следните аукции ќе се одржуваат последователно, на 1, 2, 3, 4 и 7 декември 2026 година. На секоја наредна аукција почетната цена ќе биде намалена за 10% во однос на почетната цена на претходната аукција.

Додека се чека рокот за почеток на постапката за отуѓување на банката продолжуваат препукувањата на партиите за тоа кој е виновен. СДСМ тврди дека власта е виновна, додека владејачата ВМРО-ДПМНЕ денееска тврдат дека поминало времет кога банки пропаѓаа, а граѓаните биле оставени на цедило.

Бараа надзорна расправа во Собранието, па откако истата веднаш беше прифатена, ја одложија за една недела, продолжетокот на истата се уште не знаат за кога да го закажат бидејќи вистината им се изнесе на виделина, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести