Skip to main content

Лигата на нации го менува системот: Дури и таквите како Македонија добиваат втора шанса за останување во Лига Б

Важна промена за сезоната 2026/27: Во септември 2026 година, УЕФА го измени системот за промоција и испаѓање за актуелната сезона со цел Лигата на нации од следното издание (2028/29) да се трансформира во три лиги (А, Б и Ц) со по 18 репрезентации, со што Лигата Д целосно се укинува.

Како функционира системот по лиги (сезона 2026/27)? UEFA.com

Бараж-натпреварите се играат во март 2027 година по систем дома-гости (подобро рангираната репрезентација е домаќин на реваншот).

Лига А

2-те најслаби третопласирани и 2-те најдобри четвртопласирани играат бараж против 2-ро пласираните од Лига Б.

2-те најслаби четвртопласирани репрезентации испаѓаат во Лига Б.

Лига Б

4-те победници на групите одат директно во Лига А.

4-те второпласирани играат бараж за влез во Лига А.

4-те четвртопласирани играат бараж за опстанок против 2-ро пласираните од Лига Ц.

Нема директно испаѓање.

Лига Ц

4-те победници на групите одат директно во Лига Б.

4-те второпласирани играат бараж за влез во Лига Б.

Нема испаѓање (3-то и 4-то пласираните остануваат во Лига Ц).

Лига Д

Сите 6 репрезентации одат директно во Лига Ц (поради укинување на Лига Д).

(Напомена: Во Лига А, првите две репрезентации од секоја група одат во четвртфиналето на турнирот, додека двете најдобри третопласирани селекции обезбедуваат директен опстанок без бараж. Во Лига Б, сите третопласирани репрезентации остануваат директно во Лига Б.)

Кои репрезентации веќе имаат потврден статус?

Директна промоција во Лига Б (од Лига Ц):

  • Албанија (победник на групата Ц1)
  • Црна Гора (победник на групата Ц2)
  • Словачка (победник на групата Ц3)
  • Исланд (победник на групата Ц4)

Бараж за Лига Б/Ц (второпласирани од Лига Ц):

  • Белорусија, Кипар, Фарски Острови и Естонија (тие ќе се соочат со четирите последнопласирани селекции од Лига Б, меѓу кои сигурен учесник е и Македонија, која завршува на 4-тото место во својата група Б1).

Сигурно испаѓање од Лига А во Лига Б:

  • Турција (заврши последна во групата А1 со 0 бодови и сигурно е меѓу двете најслаби четвртопласирани репрезентации).
  • Чешка (заврши последна во групата А3 со 0 бодови, со што исто така е меѓу двете најслаби четвртопласирани).

Сигурни во баражот за Лига А/Б (од Лига А):

  • Италија (третопласирана во групата А1) и Хрватска (третопласирана во групата А3), како и Велс (потврден како четвртопласиран во групата А4, но со 3 бода е подобар од Турција и Чешка и оди во бараж наместо директно испаѓање).

Директна промоција во Лига Ц (од Лига Д):

  • Малта, Андора, Гибралтар, Азербејџан, Литванија и Лихтенштајн (сите шест селекции од Лига Д преминуваат во проширената Лига Ц).

Конечната листа на сите учесници во баражите и директните промоции од Лига Б во Лига А (каде во игра пред последното коло се Швајцарија, Cеверна Ирска, Унгарија, Австрија и Шведска) ќе биде комплетирана по одигрувањето на последните натпревари на 17 ноември.

Поврзани вести