Skip to main content

Газирана или обична вода: Што е подобро на жештиниве

Magnific

Високата горештина не ја чувствуваме како особено опасна првиот ден и навистина не гледаме голема разлика помеѓу 35 и 37 степени. Но, на третиот, четвртиот и петтиот ден, токму она што го носат долготрајните топлотни бранови, ситуацијата станува многу посериозна за луѓето“, вели д-р Филип Ѓерке, специјалист по неврологија.

Главни симптоми на дехидратација
Дехидратацијата не значи само чувство на жед. Таа може да предизвика тапи главоболки, вртоглавица, конфузија, послаба концентрација и повторување на истите прашања. Во потешки случаи, може да има проблеми со рамнотежата и нестабилноста при одење.

– Кога луѓето почнуваат да ги забележуваат симптомите, телото е веќе дехидрирано. Тогаш повеќе не се потиме доволно, срцето почнува да чука побрзо, крвниот притисок паѓа, а урината станува поконцентрирана и потемна – објаснува д-р Ѓерке.

Постарите луѓе се особено изложени загрозени, но дехидратацијата може да ги погоди и помладите.

Зошто заморот се појавува дури по неколку дена?
Многумина продолжуваат да работат со исто темпо во текот на топлотниот бран, иако телото веќе неколку денови се обидува да се прилагоди на високите температури.

– Работиме со полна сила, а можеби сме веќе четврти или петти ден на големи горештини. Тогаш чувствуваме замор, што често го припишуваме на исцрпеноста,а всушност може да биде резултат на дехидратацијата – вели докторот.

Како што објаснува, телото тогаш се однесува како мотор што работи под големо оптоварување – му треба да забави и да се одмори за да продолжи со нормалното функционирање.

Минералната вода може да помогне, но млекото хидрира уште подобро

Кога станува збор за надоместување на течностите, водата е првиот избор, но постојат и други опции.

– Секогаш ќе препорачуваме вода, но минералната, односно газираната вода може побрзо да го хидрира организмот при акутна дехидратација. Од друга страна, истражувањата покажуваат дека млекото го многу добро рехидрира телото, дури и полномасното млеко – вели д-р Ѓерке.

Покрај тоа, можат да помогнат изотоничните пијалаци со електролити, бидејќи при потење не се губи само вода, туку и минерали важни за нормално функционирање на организмот.

Се препорачуваат и пијалаци како чај со малку шеќер и сол, додека кај соковите треба да се води сметка за количината на шеќерот.

Претпазливост со кафето и енергетските пијалаци
Кафето може да биде дел од дневната хидратација, но треба да бидете внимателни бидејќи кофеинот има диуретично дејство, односно може да го поттикне исфрлањето на течностите од организмот.

Поврзани вести