Skip to main content

Тешко повредена патничка во судир на автобус во Аеродром

архива

Вчера во 13:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Јане Сандански“ и сервисна улица, на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.П.(47) од с.Ново Село и патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(55) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 64-годишната В.В. од Скопје, патничка во автобусот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани вести