
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, в сабота, на 8 август, ќе престојува во официјална посета на Србија, каде што ќе оствари средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. Информацијата ја соопшти Службата за соработка со медиумите при претседателот на Србија.
Посетата следува само неколку недели по нивната средба во Киев, кога Вучиќ за првпат од почетокот на руската инвазија ја посети Украина и учествуваше на Самитот Украина–Југоисточна Европа.
Тогаш двајцата претседатели разговараа за билатералните односи и за актуелните регионални и меѓународни прашања. Вучиќ изјави дека со Зеленски взаемно ја потврдиле поддршката за територијалниот интегритет на двете држави, а воедно му упатил покана на украинскиот претседател да го посети Белград.
Официјалната посета на Зеленски на Белград се оценува како значаен дипломатски чекор во односите меѓу двете земји, имајќи предвид дека Србија, и покрај поддршката за територијалниот интегритет на Украина, сè уште не воведе санкции кон Русија.

Македонски


