Skip to main content

Еврејската Ангела Меркел знае како се успева во светот на фудбалот

Она што го прави Хапоел Бер Шева единствен во светскиот фудбал е неговиот сопственик и претседател – Алона Баркат, сопруга на израелскиот ИТ милијардер Ели Баркат, кој изгради империја со братот на Алона, Нир Баркат. Со купувањето на тимот во 2007 година, додека беше во втората лига, Баркат стана првата жена во историјата на израелскиот спорт што купи и водеше професионален фудбалски клуб.

Нејзината визија беше оживување на неразвиениот јужен регион на Израел преку спортот. Таа инвестираше огромна сума пари во младинската школа и работа со деца со посебни потреби и од социјално ранливи категории. Првото нешто што Алона Баркат го направи кога се приклучи на клубот беше целосна реорганизација на сите структури и стабилизација на финансиите, што резултираше со експресно враќање во првата лига. Во 2015 година, беше изграден модерен спортски комплекс и стадион „Тарнер“ со капацитет од 16.000 седишта.


Германскиот весник „Билд“ ја нарече „фудбалската Ангела Меркел“ ФК Хапоел Бер Шева гордо го носи прекарот „Камил“. Поради својата позиција во пустината Негев, клубот го има официјалниот прекар „Гамлим“, што на хебрејски значи „камили“, а маскотата на тимот е камила во ц

Поврзани вести