
Во Никшиќ, полицијата го уапси Андреј Танасковски (19), член на организирана криминална група од Македонија, врз основа на меѓународна потерница од Интерпол. Тој бил член на Шкаљарскиот клан.

Танасковски е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан, член на соперничка група, кога испукал два куршума во негов правец.
Осомничен е за обид за убиство на член на соперничка криминална група.

Осомничениот е обвинет и за кривични дела нелегално поседување и носење оружје и експлозивни материјали, како и фалсификување документи. Според сомнението, А.Т. при планирање и подготвителни дејствија, со цел инфилтрација и извршување криминални активности, употребил фалсификувана лична карта на име на Јован, државјанин на Република Србија, врз основа на која престојувал како гостин во хотел.

Македонски



