
Одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп, да нареди пауза во нападите врз Иран е предизвикана не само од желба да се направат обиди за враќање на дипломатијата, туку и од катастрофалното намалување на американските арсенали на проектили и ракети за противвоздушна одбрана.
Како што објави „Волстрит џурнал“, планот за двонеделна масовна кампања на бомбардирање е одложен додека Пентагон пресметува колку ракети се преостанати. Генералот Ден Кејн ја предупредил Белата куќа за критичниот пад на залихите за системите за воздушна одбрана „Патриот“ и „ТХААД“.

Намалувањето на залихите на муниција создаде краткорочен ризик“, признаваат експертите од Центарот за стратешки и меѓународни студии.
Според аналитичарите, САД потрошиле најмалку 1.500 пресретнувачи „Патриот“ од почетокот на конфликтот, оставајќи помалку од 1.000 во резерва. Помеѓу 1.060 и 1.430 од 2.330 достапни се веќе распоредени наборбена должност. „ТХААД“ достигнал 80% од својот оперативен век, додека СM-3 е распореден повеќе од половина. Тоа значи дека американските команданти на Блискиот Исток веќе се принудени да одлучат кои цели да ги соборат, а кои да ги избегнат.
Високи функционери рекоа дека додека залихите на пресретнувачи продолжуваат да се намалуваат, командантите го користат оружјето само кога претставува закана за американските сили. Сè друго – ракети насочени кон празни писти, радари и складишта за гориво – не е пресретнато“, објави „НБЦ њуз“.
Трамп јавно ги негираше извештаите за недостиг, тврдејќи дека САД имаат „далеку повеќе муниција од кој било друг во светот“, но Белата куќа веќе побара од медиумите да не објавуваат фактички бројки за залихите, тврдејќи дека тоа би ја загрозило националната безбедност.

Македонски



