
Според извештајот на телевизијата „НБЦ њуз“, САД имаат толку малку пресретнувачи за противвоздушните системи што војската е принудена да избира кои цели ќе бидат погодени од иранските балистички ракети и беспилотни летала. СПоред телевизијата, во зависност од целите кон коишто се движат, американските воени команданти намерно пуштаат некои ирански ракети и беспилотни летала низ нивните системи за воздушна одбрана за да го зачуваат својата намален залиха на пресретнувачки ракети.

Во текот на викендот, началникот на Здружениот штаб на американските вооружени сили, генерал Ден Кејн, го предупредил претседателот Доналд Трамп дека залихите на пресретнувачи на Блискиот Исток се на опасно ниско ниво, што била причината Трамп да нареди привремено прекинување на операциите против Иран.
Ракетните залихи на Иран ги зачудија и американските стратези и воени планери, кои погрешно претпоставуваа дека ќе им снема капацитет за лансирање во рок од неколку недели до месеци. Не само што Иран сè уште има големи количини ракети и беспилотни летала, туку овие проектили стануваат сè посмртоносни поради адаптацијата на податоците за таргетирање и сателитските сигнали што ги обезбедуваат сојузниците.
Со оглед на тоа што Иран испали речиси 9.000 ракети од почетокот на војната, командантите сега неутрализираат само закани насочени кон американските трупи, дозволувајќи удари врз пистите, радарите и складиштата за гориво за да ги зачуваат пресретнувачите од серијата „Патриот“, „ТХААД“ и „СМ“, чие заменување ќе трае со години.
Поради таквата одлука за „замрзнување“ на нападите врз ирански цели, очнаа да се појавуваат извештаи дека САД и Иран повторно се подготвуваат за разговори.

Македонски



