
И покрај глобализацијата на дигиталните технологии, првенствено вештачката интелигенција, како и размената на искуства меѓу компаниите, геополитичката поделба меѓу Кина и САД ја интензивира заканата од формирање „дигитална железна завеса“, наведува шефот на Сименс, Роланд Буш, пренесува „Фајненшл тајмс“

Според изданието, технолошкиот јаз меѓу САД и Кина го менува глобалниот технолошки пејзаж, што предизвикува владите ширум светот да ја зајакнуваат контролата врз технологиите, податоците и синџирите на снабдување.
Во такви услови, ограничувањата за извоз, барањата за локализација на податоци и различните стандарди за сајбер безбедност создаваат нови поделби во областа на глобалните технологии што негативно влијае на светските економски текови.

Македонски


