Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: СДС им излегува во пресрет на ДУИ и Таравари и не бара одговорност од градоначланикот кој е нивен кадар

СДС, како секогаш, и сега одлучи кризата во Гостивар да ја претвори во игранка за да си собери некој поен плус, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Оттаму додаваат дека сепак, никако од СДС да слушнеме да побараат одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, кој не се чувствувал виновен за тоа што здрацвјето на граѓаните е загрозено.

Веројатно од СДС се подготвени да измислат се и сешто, освен да го направат вистинскиот чекор и да побараат одговорност, и подготвени се на секое решение да му најдат проблем.

Инаку, гостиварчани секојдневно добиваат 60 тони вода од страна на СОЗР, а има и приведени од страна на надлежните и се работи на обезбедување докази кои ќе бидат доставени до обвинителството“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека не моментот за СДСМ да се истакне колку бесмислици може да измисли, и да се докажуваат и да го користат токму овој период, за да добијат политички поени.

Пак во коалиција со ДУИ и Таравари, го штитат нивниот кадар.

Затоа што ако не беше нивни кадар, упте веднаш ќе побараа одговорност, уште веднаш ќе го преполнеа медиумскиот простор со прес-конференции и изјави со спинувани и непрецизни информации. Но, потребата на СДС да дојде, на власт е толку голема што повторно и во опозиција му излегува во пресрет на ДУИ и Таравари и го заобиколува Валбон Лимани, а во јавноста пласира теми кои немаат никаква поврзаност со актуелната состојба во државата и кризата во Гостивар.

СДС, ДУИ и Таравари, се коалиција во опозиција, која се обидува од сите кризи да шири паника кај граѓаните, и опозиција која освен власт не сака ништо друго и воопшто не е заинтересирана за граѓаните и она со кое што тие се соочуваат токму поради нив, во овој конкретен случај во Гостивар, од локалната власт, предводена токму од нив“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести