
Осум лица, меѓу кои и две деца, се убиени во напад на украинските вооружени сили врз туристички кампови во селото Кириловка во градскиот округ Мелитопол.
Потврдени се уште 14 други луѓе кои се повредени, меѓу кои и три деца.

Кириловка се наоѓа на брегот на Азовското Море и е познато одморалиште за родители со деца, коишто за викенд во голем број доаѓаат на локацијата.

Според информации од локалните жители, околу еден час по полноќ, украинските тешки н,апаѓачки, беспилотни летала се приближиле до одморалиштето „Алеон“ и го извршиле крвавиот напад. Од под урнатините, спасувачите долго време ваделе тела на загинати и повредени деца и нивните родители.

Македонски


