
Вечерва, 25.07.2026г. (сабота), со почеток во 20:30 часот во Салон 19’19 (Културно информативен центар) ќе се одржи камерен концерт под наслов „Бетовен за пијано“ на Мариа Летиција Микиелон од Италија. Рецитал посветен на доцниот творечки период на Лудвиг ван Бетовен, во кој пијаното станува носител на длабока лична и музичка мисла. Програмата е обединета преку неговиот зрел композиторски израз, каде формата се проширува, а музичкиот јазик добива нова слобода и интензитет. Сонатите откриваат внатрешен дијалог меѓу структурата и емоцијата, меѓу тишината и звукот. Летиција Микиелон пристапува кон овие дела со јасна интерпретативна линија и чувствителност, создавајќи целовито и силно музичко доживување.
Овој настан е во соработка со Фестивалот Модоарс.
Билетите се во продажба на karti.com.mk.

Македонски


