Skip to main content

Што значи ако денес на Илинден врне или грми?

Свети Илија во народната традиција се смета за „господар на громовите и дождовите“. Тој е светецот кој управува со небесните води и одлучува кога ќе врне, а кога ќе биде суша.

Според македонските народни верувања и обичаи поврзани со празникот Илинден, дождот на овој ден има посебно значење. Се верува дека ако врне дожд на Илинден, тоа е знак дека светецот ја благословува земјата и посевите.

Илинден се смета и за пресвртница во годишните времиња. По овој ден, жешките летни денови почнуваат да опаѓаат, а природата полека се подготвува за есенски температури.

Покрај дождот, народот верува дека времето на овој ден е показател за тоа каква ќе биде претстојната есен и зима: Ако на Илинден грми, се верува дека лешниците и оревите ќе бидат црвиви и празни.

Веднаш по Илинден, според традицијата, луѓето престануваат да се капат во отворени води (реки и езера), бидејќи се верува дека водата станува постудена и „Свети Илија ја зема топлината“.

Поврзани вести