Skip to main content

Кој да го сопне Мицкоски? Пирамидата на македонското национално чувство!

Креирано со помош на AI

Кој и како може да го сопне ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ кога пред сé со духовната, а бога ми и со телесната градба, ако сакате, стои гордо исправен напред пред својот народ. Го крчи и трасира патот за кој што МАКЕДОНСКИОТ НАРОД одамна се беше определил, за сега конечно благодарение на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, цврста не еродирачка и не`рѓосувачка институционална градба составена од правилно поставени, функционално единствени, досега и поредени и сложени елементи високо издигнати над досегашните колебливци притаени кукавици, го прават ПИРАМИДА на МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО ЧУВСТВО, препознатлив, општо прифатлив ЛИДЕР, токму онаков како што заслужува древната МАКЕДОНИЈА.

Залудни се обидите да сопнеш пирамида која со милениуми стои исправена и пркоси на времето како што тоа сега го прави ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ за својот народ и ќе остане во наследство и долго помнење како пирамидите на кои што и ден денес им се восхитуваме.

Да се послужам малку и со мојот фудбалски жаргон.
Кој можеше да ги сопне кралевите на фудбалот ПЕЛЕ, МАРАДОНА, МЕСИ, ЏОРЏ БЕСТ а да не добие црвен картон и исклучување.

Кај нас во политиката тоа е капитенот на екипата, светски и европски шампион ВМРО-ДПМНЕ со најдобриот во тимот лидерот што внесувајќи го целото свое знаење, љубов и патриотизам го става во служба за добробит и општа благосостојба на симпатизерите, навивачите и сета публика кои што препознаваат вредности и со благодарност го прифаќаат, убедени дека победите на ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ кога се во прашање интересите на МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ и ТАТКОВИНАТА МАКЕДОНИЈА никогаш нема да престанат и ќе останат во трајна сопственост, несебично и со чувство на лична одговорност, дека тоа е единственото така и никако поинаку, однесување на одговорноста што произлегува од позицијата на која уште долго, за среќа, ќе остане.

Ќе остане, затоа што ХРИСТИЈАН не бара алиби во тешкотиите, проблемите и околностите, туку ги решава и ги става на наша страна, а при тоа никогаш да се обиде да се поштеди себе си.

Во политиката највисок дострел што може да се дофати е да станеш она што сега е ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ – ГОСПОДАР НА СИТУАЦИЈАТА.

Од друга страна, со своите морални и етички квалитети што ги поседува, го прави својот народ и сите граѓани на татковината, сите заедно да сме ГОСПОДАРИ НА СИТУАЦИЈАТА, што ни дава голема предност, проблемите и искушенијата пред кои што сме исправени најдобро да ги решаваме, во наша корист, за блескава иднина на сите.

Има уште една многу интересна, помалку запоставена димензија на процесот наречен СОПНУВАЊЕ.
Се обидоа да го сопнат неталентирани и нешколувани антиталенти и грубијани во политиката исто како и во фудбалот.
Каде се сега? Поцрвенети од бројните црвени картони што им ги дедели најправедниот и најчесниот судија – НАРОДОТ.
Црвените картони доделени од НАРОДОТ значат доживотна суспензија затоа што НАРОД НЕ СМЕЕ НИКОЈ ДА ФАУЛИРА И ПОВРЕДУВА!

Ете, тоа моќта на КАТАРЗАТА, ПРОЧИСТУВАЊЕТО што го прави нашиот напатен но силно издржлив и жилав и со верба во сопствениот вековен опстанок НАРОД.

Тоа е мудроста на НАРОДОТ, да знае и препознае кој е за што, а кој е за НИШТО.

А, ПИРАМИДАТА! Високо ќе се издигнува уште многу, многу долги години затоа што во неа се вградени сите желби, копнежи, идеа КАУЗА на ВМРО-ДПМНЕ, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И МАКЕДОНИЈА сплотени во совршена интеграција, стабилност, рамнотежа и просперитет.

Поврзани вести