
МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ.
Некаде раниот среден век, внимавајте Европо колку сте назад, во централниот и по многумина најдобриот ареал за живеење во светот кој опфаќа делови од Бенелукс и Германија и околу градот Хановер, не е прецизно утврдено колку големо, но сигурно постоело, некое време, некое кралство.
На чело на тоа кралство стоел крал, познат по своето необично, ексцентрично однесување и затоа не бил прифатен и почитуван како што прилега за еден суверен, иако бил многу добар.
Врв на таквото ексцентрично однесување било тоа што наредил дека во неговото кралство покрај дотогашниот јазик на кој се говорело, официјално ќе го поистовети и КОЊСКИОТ ЈАЗИК.
Образложението му било дека неговиот коњ што го ЈАВАЛ кога се нашол во една сериозна неволја, животно загрозувачка, на неговото запомагање никој не одговорил од неговата придружба, туку само коњот се вратил и го извлекол од живиот песок.
Исмевањето на сметка на неговата кралска уредба добивало толку голем замав што од сите блиски и подалечни места почнале масовно да доаѓаат луѓе и со голема доза на иронија да го слушнат официјално законски воспоставениот и рамноправен на дотогашниот официјален, КОЊСКИ ЈАЗИК.
Веста се ширела со секавична брзина, народ пристигал од сите страни.
А, тој народ требало да се нахрани, напои, да се обезбеди легло, облека, превоз и така натака.
Почнале да никнуваат бројни дуќани, пекарници, месарници, гостилници, анови, занаетчиски и услужни побарувања, сé на сé кралството кое до тогаш било сиромашно и неатрактивно за човечко битисување, а камо ли за нешто што личи на благосостојба, веднаш се вивнало со огромен раст на економијата, услужните дејности, градежништвото, забавата, хотелиерството, сé живо цветало на радост и на домашните и на новодојдените.
Да не должам повеќе, до денес таа територија на која што некогаш се простирало кралството каде што официјален јазик е и КОЈСКИОТ е најсреќното и најбогатото и најпристојното место за живеење на планетава Земја.
Неколку векови подоцна група авторитети и благодарни на веќе запоставениот гроб на КРАЛОТ ЕКСЦЕНТРИК поставиле нова мермерна плоча со подолг епитаф со следната содржина:
ДОБРИТЕ ЕКСЦЕНТРИЦИ ЖИВЕАТ КРАТКО, НО ДЕЛАТА ГИ ПРАВАТ ВЕЧНИ !!
ЛОШИТЕ НОРМАЛНИ, ТИЕ ПАК ВООПШТО НЕ СЕ НИ РОДИЛЕ !
Сега јас си посакувам вистинските кани како тој на кралот да решаваат за мојот мајчин МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, а не луѓе со коњска руба и разум.
Затоа од никого не барам да ми дозволи да зборувам, да пеам, да навивам, да пцујам, да се расправам, да пишувам и читам, да слушам театарски претстави, филмови, да сум сведок на караници и помирувања и да се насладувам на сите преводи од бројните други јазици што ги сакам, прифаќам и ги признавам како мојот мајчин јазик. МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК.
Сакам да се извинам на моите читатели, но и да го истурам сиот мој личен бес и колективен МАКЕДОНСКИ на оние тешки ГОВЕДА што ми забрануваат да се разберам со јазикот што сум го научил од мајчината града МАКЕДОНСКА уште незаоден и не седнат.
Прво научив да зборувам МАКЕДОНСКИ, со тоа почнав да ЖИВЕАМ, а многу подоцна да одам, да седам и да скокам. Извинувањето е дека никогаш, ама никогаш до сега не сум помислил да пишувам нешто за да се бранам себе си, мојот род и мојот јазик што ме идентификува дека сум ЧОВЕК.
СРАМ за некои симсилиња милет. Се родивте како луѓе, живеете како ѕверови, а ќе умрете заборавени.
На крај со почит кон мојот најдобар другар од детството, мојот идол, најблизок комшија во Охрид и братучед, најпродуктивниот МАКЕДОНЕЦ во последниве 100 години во областа на литературата и афоризмите НЕМИНЛИВИОТ никогаш ИВАН КАРАДАК, алијас ИЛЧЕ МАРКОСКИ, ќе завршам со, по многу критичари, неговиот најдобар афоризам:
МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е МНОГУВЕКОВЕН:
СО ВЕКОВИ СОСЕДИТЕ ГО НЕГИРААТ.
Благодарам КАРАДАК.
Твоите обожаватели многубројни, или поточно сите на број во нашата мила татковина те разбраа, а соседите ги фрли во ПАНИКА.
Зборувајте МАКЕДОНСКИ за да ве обожава сиот свет и да се засрами целата Европска Унија.
Зборувајте македонски и почнете да живеете вие што го оспорувате и негирате, во спротивно не сте се ни родиле воопшто.

Македонски


