Skip to main content

Пустош на „Илинденска“

Стари дрвја со децении кои го кресеа еден од најпознатите скопски булевари „Илинденска“ веќе ги нема. Силниот ветер кој беснееше попладнево во Скопје ги откорна.

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати покриви беа пријавени во Центарот за управување со кризи (ЦУК) поради невремето проследено со силен ветер, кое попладнево го зафати Скопје, соопшти директорот Мухамед Али.