Skip to main content

Мицкоски на работен ручек со претседателката на Индија: Оваа историска посета e чекор кон отворање нови перспективи за соработка меѓу двете пријателски држави

Премиерот Мицкоски денеска имаше работен ручек со претседателката на Република Индија, Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

Во пријателска и конструктивна атмосфера разговарале за можностите за понатамошно унапредување на билатералните односи, продлабочување на економската соработка, трговската размена, инвестициите, како и за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес.

Оваа историска посета претставува значаен чекор кон отворање нови перспективи за соработка меѓу двете пријателски држави и потврда на заедничката определба за градење посилни врски во иднина, напиша премиерот.

Поврзани вести