
Мигрант пронајден починат во гевгелиско село.
На 16.07.2026 на место викано „Мрзенско поле“, во атар на село Мрзенци, гевгелиско, бил пронајден починат мигрант А.М.. Според пријавеното, околу 11:52 часот, мигранти од Пакистан преку мобилен телефон побарале помош, а по пристигнувањето на местото, полициските службеници затекнале тројца мигранти кои не поседувале лични документи, но кажале дека се од Пакистан и едно починато лице, за кое изјавиле дека е на возраст од 36 години и било заедно со нив, информираа од МВР.
Лекар констатирал смрт кај лицето, без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот мигрант е предадено на обдукција.
Мигрантите се пренесени во Прифатниот центар „Винојуг“-Гевгелија.

Македонски



