Skip to main content

Скопјанец измамен за околу 28.700 евра, му ветиле дека ќе му го вратат запленетиот златен накит

Фото: Freepik

Според пријавата, оштетениот го запознал лицето во занаетчиски дуќан во Скопје, каде што тоа му се претставило како службеник во државна институција. Лицето му кажало дека преку свои пријатели може да му помогне да го врати претходно запленетиот златен накит, но за тоа требало да плати одредена сума пари.

Пријавителот му ги предал парите, но подоцна сфатил дека бил измамен.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести