Skip to main content

Четири компании аплицирале на тендерот за набавка на електрични автобуси

МИА

Четири компании аплицирале на повторениот тендер за набавка на електрични автобуси за јавниот превоз во Скопје и во други градови во државава, информира денеска министерот за транспорт Александар Николоски.

Утрово добив информација дека во понеделник ќе го добијам извештајот. Четири компании аплицирале, во понеделник јавно ќе ве запознаеме со извештајот и со наводите во извештајот. Навистина се надевам дека овој пат повикот ќе биде успешен и ќе имаме успешна набавка на автобуси. Се надевам дека искуствата од минатиот повик се поука и за компаниите да подготват добра и квалитена документација – изјави Никооски, одговарајќи на новнарски прашања при посетата на општина Кисела Вода.

Обновениот тендер заврши во понеделникот, а понудите ги разглдува евалуациска комисија составена од експерти од Министерството за транспорт и од Машинскиот факултет. Кога ќе го добијам извештајот, ќе го споделам со јавноста.

Постапката за набавката беше повторена по поништувањето на претходниот тендер за 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење. Сто автобуси се предвидени за Скопје, а останатите 50 за други градови во државава.

Поврзани вести