Skip to main content

Зеленски ја одликува Фон дер Лајен: Украина е Европа, Европа е Украина

instagram.com/ursulavonderleyen

Украинскиот претседателот, Володимир Зеленски, денеска ѝ го додели на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, првиот украински Орден на Европа за нејзиниот „исклучителен личен придонес во поддршката на стратешкиот пат на Украина кон полноправно членство во Европската Унија“.

За време на церемонијата по повод Денот на украинската државност во Киев, Зеленски рече дека иднината на Украина „мора да биде мирна и европска“, потсетувајќи дека неговата земја, во екот на руските напади врз Киев во февруари 2022 година, официјално аплицираше за членство во ЕУ, објавува Гардијан.

Добро се сеќавам кој беше скептичен и кој никогаш не се сомневаше во Украина и нашиот народ, рече Зеленски, заблагодарувајќи ѝ се на Фон дер Лајен за нејзината континуирана поддршка.

Зеленски истакна дека „Украина и Европа се едно“ и дека неговата земја „не е сама“, додавајќи дека секој што ѝ помага на Украина на нејзиниот европски пат има посебна вредност за Киев.

Претседателката на ЕК, пак, од своја страна, изјави дека Европејците понекогаш забораваат колку европското знаме претставува вредност, но дека Украинците не го заборавиле, бидејќи се борат за сè што тоа симболизира, и истакна дека Украина е Европа, а Европа е Украина.

Зборувајќи на церемонијата по повод Националниот ден на Украина во Киев, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝ го додели првиот украински Орден на Европа, таа употреби украински збор што ја означува отпорноста и непобедливоста на Украина дури и во воени услови, објавува Гардијан.

Добивајќи ја оваа европска награда, јас не сум таа што денес, на Националниот ден, го носи знамето на Европа или на Европската Унија во Киев, бидејќи Европа е веќе тука и секогаш ќе биде. Тоа е наш заеднички сон. Тоа е наша заедничка судбина и заедно ќе го постигнеме“, рече Фон дер Лајен.

Зборувајќи за новото партнерство меѓу ЕУ и Украина во областа на одбранбената индустрија, таа рече дека е потребно да се здружат силите.

Можеме да работиме на заедничко производство, да ги поврземе сите компоненти на системот и да дадеме поттик на одбранбената индустрија и на Украина и на Европа решително да ги зголемат инвестициите и производството“, рече таа.

Според неа, овој договор ќе ја комбинира украинската генијалност и иновација со индустриските капацитети на Европа.

Нашата порака е јасна – сега е време да се инвестира во Украина, бидејќи тоа значи инвестирање во Европа, нашата заедничка безбедност и заедничка иднина“, нагласи претседателката на Европската комисија.

Поврзани вести