Skip to main content

Шест лица учествувале во физичка пресметка по сообраќајка во Ѓорче Петров

Шест лица учествувале во физичка пресметка на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно случена сообраќајна незгода.

Од МВР информираат дека случајот бил пријавен на 10 јули во 18:00 часот во СВР Скопје.

Според пријавата, во пресметката учествувале Г.Б. (60), Н.Б. (31) и С.Б. (36), сите од Скопје, од една страна, и О.А. (35), П.А. (23) и Ш.А. (63) од село Буковиќ, Скопско, од друга страна.

Полицијата презема мерки за целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани вести