
Вчера во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје–Хец Козјак се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.В.(63) од с.Батинци, скопско и мопед управуван од А.Д.(18) од с.Цветово, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 13-годишен сопатник од мопедот, додека со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Македонски



